IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 16.07.2018 || „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |  „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова  |  Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче  |  Рекордно производство и извоз на пиво  |  Нов супермаркет на „Шпар“ вреден 9 милиони евра  |  „Лидл“ без пластика за еднократна употреба  |  Нови компјутери за Универзитетската библиотека   |   ||
   

Македонија: Новогодишна средба на МАТТО со претставници од медиумите

27.12.2017

Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) вчера одржа новогодишна средба со претставници од медиумите, при што додели признанија за промовирање на македонско-турските економски односи во 2017 година.

Признанија добија новинските агенции МИА и „Анадолу", како и весникот на турски јазик „Јани Балкан".

Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО и почесен конзул на Турција во Македонија, истакна дека Комората со своите активности во 2017 година, ја исполнила улогата да биде мост меѓу двете земји, да придонесе за унапредувањето на билатералните, економските и други односи, а членките со своите деловни активности, успеале да ја зголемат и унапредат македонската и турската економија.

Годинава, Турција е осмиот надворешен трговски партнер на Македонија со вкупна трговска размена од 364.308 долари, што е пораст од 6,3% во однос на 2016 година. Извозот е зголемен за 15,6% и изнесува 69.050 долари, а увозот забележа пораст од 4,3% и достигна 295.258 долари. Од  ‎‎1997 до 2016 година, во Макеонија се влезени директни турски инвестиции во износ од 1,7 милијарда долари, што претставува 3,3% од вкупните директни странски вложувања.


Назад
 
 
 
 
back to top