IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 19.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија: Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот

14.02.2018
Со новиот Закон за јавни набавки, освен цената како важен услов во распишувањето на тендер за јавна набавка ќе биде и квалетитетот. Освен тоа јавните набавки ќе подлежат и на системска проверка, а поголемите набавки ќе имаат и претходна контрола.
Во согласност со европските правила и практика, новиот Закон дава можност покрај цената, да се вреднува и квалитетот. Притоа, договорниот орган зависно од предметот на набавка, самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот, објасни Тевдовски.

Со законот, исто така, се воведува задолжителна обврска за објавување на договорите и останатата документација од секоја поединечна јавна набавка на Електронскиот систем за јавни набавки. Намерата е јавноста да има целосен увид во документацијата од јавните набавки.

Новина во нацрт-законот за јавните набавки се и електронските аукции кои веќе не се задолжителни, но можат да се користат опционално. 

Олеснување за компаниие е и зголемувањето на праговите за примена на законот од 500 на 1.000 евра, при што се разјаснува начинот на вршење на малите набавки, а се воведува и обврска за известување за малите набавки.

Ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки. Тој ќе биде во вид на електронски каталог, што ќе овозможи брзо и ефикасно решавање на набавките од мала вредност кои се едноставни по својата природа, истакна Тевдовски.

На настанот осврт на нацрт-законот даде и Анета Данева Мострова, експерт за јавни набавки. Таа истакна дека новиот закон за јавни набавки треба да обезбеди учеството на тендерите за јавни набавк да биде привлечна постапка, а не терет за компаниите.

По излагањата претставници од компаниите имаа можност да ги дадат своите мислења, препораки и искуства од претходните учества на јавните набавки и се надеваат дека забелешките ќе бидат земени предвид.  

Согласно програмата за реформа на управување со јавни финансии 2018 – 2021, новиот закон за јавни набавки треба да биде усвоен од страна на Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари следната година.



Назад
 
 
 
 
back to top