IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Македонија: Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија

22.01.2018

Новиот маркет „Алди-М плус" во Гевгелија беше отворен во средата, на улицата Леонид Јанков, бр. 1, до новиот градски пазар.

Продажниот објект, лоциран непосредно до стариот помал „Алди-М плус", кој беше затворен, се простира на продажна површина од 620 квадратни метри и располага со магацински простор од 87 квадратни метри. Во него се вработени 18 луѓе, а купувачите се услужуваат на три наплатни каси. Маркетот располага и со паркинг-простор за 20 возила.

Асортиманот се состои од околу 8.000 производи, но како што открива за InStore сопственикот Ице Ѓоргиев, планираат да го збогатуваат и да достигнат до 10.000 производи.

Целта ни е, како и секогаш, на купувачите да им овозможиме да уживаат и да се релаксираат додека пазаруваат. Напорно се трудиме да останеме на врвот со воведување новитети, интересни акции и одлични цени, а купувачите се најдобар патоказ како се движиме. За годинава планираме неколку новитети, за кои ќе се дознае наскоро, вели тој.


Назад
 

 
 
 
back to top