IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 14.08.2018 || Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |  Директорката на „Пепсико“ се повлекува од функцијата  |  Ново кисело млеко на „Бимилк“  |  Македонија на 28. место во светот по извоз на вино  |  Компанијата „13. јул-Плантаже“ ги зголеми приходите  |  „Хајнекен“ купува дел од најголемиот кинески производител на пиво  |  Руски „Светофор“ влегува во Романија  |  Промена во Управниот одбор на „Жито лукс“  |  Супер-колачите на „Виталиа“ со Брајова азбука  |  Групацијата „Реве“ бара нови партнери  |   ||
   

Свет: „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“

14.02.2018

Компанијата „Нестле" соопшти дека го презеде мнозинскиот дел од латиноамериканската компанија „Терафертил", која произведува природни органски производи, на база на билки.

Компанијата со седиште во Еквадор има големо портфолио производи, вклучувајќи го и брендот Nature's Heart, а „Терафертил" е и најголемиот светски откупувач на овошјето перуанска јагода (physalis, англ. goldenberry).

Од „Нестле" истакнуваат дека компанијата ќе продолжат да ја водат нејзините основачи, браќата Давид – Раул и Даниел Бермео, кои го почнале бизнисот во 2005 година. Сопствениците велат дека инвестицијата што ќе ја донесе „Нестле" ќе им овозможи да го прошират присусутвото и дистрибуцијата низ целиот свет.

Финансиските детали за трансакцијата не се познати, но познато е дека таа ќе се однесува на сите операции на „Терафертил", како и на имотот на компанијата во седум земји, каде што работи. Засега, компанијата има 4 производствени погони во Еквадор, Мексико, Колумбија и во Чиле, а вработува вкупно 400 луѓе.

Од „Нестле" порачуваат дека со постигнатиот договор се отвора вратата за понатамошно проширување на полето природна и здрава органска храна, особено во Јужна Америка, САД и во Велика Британија.

Швајцарската компанија во последните неколку месеци се фокусира на секторот здрава храна. Кон крајот на минатата година, „Нестле" ги најави плановите за преземање на канадскиот производител на витамини, пробиотици и на заменски оброци „Етриум иновејшнс" за 2,3 милијарди долари.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top