IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 19.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија/Словенија: Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар

20.04.2018

Линијата месо под брендот Natur Premium на „Перутнина Птуј" за 30-ина дена ќе се најде на полиците во македонските маркети.

Тоа беше најавено на вчерашната прес-конференција на тема „Треба да се отвораат очите, да се толкуваат разликите и да се внимава при изборот на храната" во организација на „Перутнина Птуј", која се одржа во ресторан „Воденица", во Скопје. Целта на конференцијата, како што истакнаа претставници од компанијата, е да се подигне свесноста за важноста на изборот на квалитетна храна.

Постојано треба да се истакнува дека разликите во квалитетот на храната може да бидат многу големи. Тоа што го гледаме на полиците во маркетите доаѓа од различни средини и од различни производствени процеси. Иако навидум станува збор за исти прехранбени производи, разликата во квалитетот е голема, истакнаа од компанијата.

На конференцијата се обратија Нада Крајнц, советник на бордот на директори на „Перутнина Птуј"; Стефан Шишовски, директор на „Перутнина Птуј" – Скопје и професорот Драгослав Коцевски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

„Перутнина Птуј", која е со 110-традиција, е еден од ретките прехранбени системи во Европа со вертикално организирано производство и целосна следливост на потеклото на секој поединечен производ. Со воведувањето на повисок стандард во одгледувањето (стандард PPR) – одгледување кое е пријателски наклонето кон пилињата, направивме голем чекор напред во насока на современите трендови и одржливиот развој, истакна Крајнц, а Шишовски откри дека линијата на месо под брендот Natur Premium, која е развиена според новиот стандард, за 30-ина дена ќе пристигне и на македонскиот пазар.


Назад
 
 
 
 
back to top