Дел од имотот на хемиската индустрија „Невена" која се наоѓа во стечај, огласен е за продажба.

Во оваа компанија, сè уште се произведува, а се бара купувач за погоните во кои не се одвива производство.
Погоните во кои, по стечајот, е обновено производството и каде сè уште се произведува се под закуп и подоцна ќе бидат понудени за продажба, изјавуваат од компанијата.
Компанијата „Невена & All me cosmetics", на Слободанка Влајчиќ, по стечајот ги презеде производствените погони на оваа хемиска индустрија и го обнови производството на козметика. Денес во компанијата се вработени педесетина работници.
Меѓу имотот огласен за продажба од Агенцијата за лиценцирање на стечајните управници, на продажба се производствени хали, магацини, управни згради, трафостаница, мазутна станица, портирнца и опрема.
Имотот е на продажба по почетна цена од 67,3 милиони динари, а потенцијалниот купувач ќе биде познат кон крајот на јанури, по јавното наддавање закажано на 26 јануари.
„Невена" од Лесковец, некогаш имала 500 вработени. За потсетување, во 2007 година фабриката е купена од бугарската фирма „Булцвет", а Агенцијата за приватизација го раскина процесот на приватизација во 2010 година, бидејќи сопственикот не ги почитуваше обврските од договорот за купување.