IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 24.01.2019 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Азија: „Монделез“ отвори развоен центар во Сингапур

09.02.2018

Кондиторскиот гигант „Монделез интернационал" отвори нов технолошки центар во Сингапур, кој е дел од инвестицискиот план, вреден 65 милиони евра.

Центарот ќе се фокусира на иновации, развој на нови производи и на напредни технолошки истражувања, поврзани со најпопуларните брендови на компанијата, меѓу кои Milka, Clorets, Halls, Cadbury Dairy Milk и Oreo.

Сингапурскиот центар е дел од инвестицискиот план на „Монделез", вреден 65 милиони евра, со кој се планира изградба на девет целосно опремени и технолошки напредни развојни центри, стратешки позиционирани низ целиот свет. На тој начин, кондиторскиот гигант ќе има можност да привлече, развива и да зачува кадар од голем број научни и технолошки дисциплини, истовремено работејќи на развој и на забрзување на порастот на компанијата и на иновациите.

Во сингапурскиот центар вработени се околу 75 научници, истражувачи, инженери, хемиски аналитичари и други експерти од сите страни на светот.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top