IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 21.09.2018 || Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |  Расте извозот на српските кекси и вафли   |  „Витаминка“ кечапот во нова подобрена амбалажа   |  Еко -акција на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и Холандска амбасада   |  „Крофните од Хром“ станаа трговска марка   |  Хрватска ќе избира „најдобар производ на годината“ за 2019-та  |   ||
   

САД: „Молсон корс“ го купува „Аспал“

11.01.2018
Северноамериканскиот пивски гигант „Молсон корс" најави дека ќе го купи производителот на сајдери „Аспал".
Преземањето би требало да го зајакне портфолиото на компанијата во категоријата сајдери на светските пазари. Од „Молсон корс" изјавија дека ќе ја искористат сопствената експертиза за маркетинг, дистрибуција и за логистика, со што ќе го зголемат порастот на брендот Aspall во Велика Британија, но и на другите клучни светски пазари.

„Аспал" е основана во 1728 година од Клемен Шевалие, а со компанијата денес раководи осмата генерација од истоименото семејство од парохијата Аспал, грофовија Сафок во Источна Англија. Портфолиото на компанијата ги вклучува брендовите Premier Cru Cyder, Aspall Cyder, Clement’s Four, Cyderkyn, Imperial Vintage и др. Компанијата го произведува и специјалниот оцет Aspall Organic Cyder, направен со посебен процес на ферментација, кој според наводите на „Молсон корс", е единствен во светот.

Членовите на семејството Шевалие ќе останат дел од бизнисот и ќе имаат клучна улога во формирањето на стратегиите на „Аспал", нагласуваат од „Молсон корс".

Фил Вајтхед, директор на единицата на пивскиот гигант за Велика Британија и за Ирска, вели дека многу се задоволни што производите на „Аспал" ќе станат дел од портфолиото на „Молсон корс": Семејството Шевалие произведува сајдери речиси 300 години и нивните брендови ќе го збогатат нашето портфолио. Се радуваме што ќе му помогнеме на „Аспал" да стане премиум бренд на сајдери на Островот, а ќе работиме и на подобрување на позицијата на брендот оцет. Целта ни е премиумизација на целото портфолио.



Назад
 
 
 
 
back to top