IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Македонија: „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“

11.04.2018
Прехранбената компанија „Мирана" ја презеде компанијата „Аронија здрава храна", со што портфолиото на компанијата се прошири со брендот за здрава и органска храна - Bio Cosmos.
Се одлучивме на тој чекор бидејќи „Мирана" е фабрика за производи која не спаѓа во делот на здрава храна и многу потешко ќе можевме да развиеме толку голема палета на производи и да создадеме бренд кој ќе биде толку познат во Македонија. Сепак, здравата храна е во подем и свесноста на народот глобално е сè поголема, па така и влезот на пазарот за здрава храна е круцијален во оваа фаза, изјави за InStore Марио Мирсинов, новиот сопственик на „Аронија здрава храна".
Вредноста на преземањето останува деловна тајна, но како што истакна Мирсинов, склучениот договор е во корист за двете страни.

За идните планови на компанијата, Мирсинов најави дека ќе се работи на зголемена едукација за користењето и придобивките на производите, што е клучно за развој на брендот. Во исто време, ќе се работи и на намалување на увезените цени, што ќе придонесе за стабилен пазар, но и на извезување на производите од брендот Bio Cosmos.

„Мирана" е компанија која има голем извоз и многубројни странски партнери кои се заинтересирани да ја прошират соработката со „Био Космос". Веќе остваривме и дел од планираните инвестиции, „Био Космос" се пресели во комплетно нова фабрика изградена по сите стандарди, нови магацини и канцеларии и веќе се набавени нови машини за дел од производите, објасни Мирсинов.

Во поглед на идните планови за прширување на портфолиото со нови производи, најавено е дека се работи на нова палета производи наменета за домашниот и за странските пазари. Така, за една година од преземањето се очекуваат 50 нови производи кои ќе бидат дополнување на постоечката палета од 450 производи. Со тоа палетата на „Био Космос" и „Мирана" ќе брои преку 600 артикли. 

Мирсинов истакна дека со преземањето вработените не ги изгубија своите работни места и дека досегашната сопственичка на „Аронија здрава храна", Анета Стајиќ, сè уште е дел од тимот. За во иднина, најави и нови вработувања.

Во поглед на продавниците за здрава храна „Биокосмос", нивниот број во иднина нема да се зголемува, а досегашните ќе се реновираат.



Назад
 
 
 
 
back to top