IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Швајцарија: „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот

22.01.2018

Швајцарскиот лидер во прехранбениот малопродажен сектор „Мигрос", извести за стабилни резултати во 2017 година.

Нето-продажбата во сите сегменти на трговецот се зголемила за 1%, на 28 милијарди швајцарски франци (23,8 милијарди евра). Иако нето-продажбата во супермаркетите се намалила за 0,8%, позитивен биланс и пораст од 3,1% забележал дисконтниот банер „Денер".

Резултатите на „Мигрос" покажуваат дека победнички продажен канал во 2017 година била платформата за е-трговија, каде што бил забележан скок за речиси 25%.

Аналитичарите забележуваат дека швајцарскиот малопродажен пазар продолжува да се соочува со потешкотии, најмногу поради прекуграничното купување што го практикуваат многу граѓани. Без оглед на зајакнувањето на швајцарската валута во однос на еврото, поповолни услови за купување овозможуваат германските трговци, кои имаат голем број продажни објекти и во пограничните зони.

Иако конкурентот „Кооп" бележи пораст на нето-продажбата за 3%, големи се шансите и во следните пет години „Мигрос" да ја задржи лидерската позиција на пазарот, оценуваат аналитичарите.

Извор и фото: www.lebensmittelzeitung.net


Назад
 

 
 
 
back to top