IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Свет: Милијардер купи удел во Starbucks

10.10.2018
Фондот на милијардерот Вилијам Акман (познат како „богот на Вол Стрит") добил удел од 1,1 отсто од капиталот на Starbucks. Акман го направи овој черкор, верувајќи дека гигантот ќе закрепне од заминувањето на долгогодишниот лидер Хауард Шулц.

Милијардерот ја објави инвестицијата на неговиот фонд „Pershing Square Capital Management" за време на конференцијата во Њујорк каде што тој се појави на сцената со ладниот чај на Starbucks.

Според него, во следните три години цената на компанијата може да се удвои, бидејќи во последно време постои пад, по најслабиот раст од очекуваното, како и намалените прогнози за наредните квартали.

За време на презентацијата Акман наведе дека и покрај планираното затворање на 150 локации на Starbucks во САД во 2019 - та година, постојат можности и за отворање на нови во Среден Запад и во јужните држави на земјата.

Основниот раст во следните години, според него, ќе дојде од Кина, каде инвеститорот очекува двојно побрз раст на продажбата, отколку за компанијата како целина.

Токму таму компанијата се очекува да го удвои својот број на објекти до 6.000 во наредните четири години. 

Акман е познат со своите инвестиции и во неколку компании од сферата на индустријата за брза храна, како акциите на компанијата „Ресторан Брендс Интернешионал" која го поседува Burger King, како и Chipotle Mexican Grill кои пријавиле раст од 70 и 55 отсто  откако тој ги објави вложувањата во нив



Назад
 
 
 
 
back to top