IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: „Макпрогрес“ со големи инвестиции и иновации

07.03.2018
„Макпрогрес" свечено го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на брендот Фантазија. Од погонот во кој се инвестирани 650.000 евра ќе излегуваат полуготови миксови за слатки и солени колачи, кулинарски декорации и додатоци, како и зачини. 
На свечената манифестација во Виница, на која присуствуваа бројни соработници на „Макпрогрес", беа откриени и деталите од процесот на интеграција на работењето на прилепската „Дониа", која „Макпрогрес" ја купи пред пет месеци. 

Освен редизајнирање и унапредување на пакувањата, се работело и на усовршување на рецептурите на производите на „Дониа", преку заменување на вештачките состојки со природни, додавање поголем процент ореви и развој на нови производи. Традиционалниот крушевско-прилепски локум на „Дониа", според зборовите на извршниот директор на „Макпрогрес", Глигор Цветанов, е производ за кој постои голем интерес и со кој планираат освојување на многу регионални и светски пазари. 

Дел од производите на „Дониа" блиски на портфолиото на брендот Винчини, како едноставните бисквити, мешавините од колачи, гурабиите, ваниличките, на пазарот ќе продолжат да се пласираат во нови дизајни и под брендот Винчини. 

Сепак, најголемата новина што беше претставена од „Макпрогрес" е новиот бренд Фантазија, кој на пазарот носи иновативни производи, кои се во чекор со брзиот животен стил и нудат решение за постојаниот недостаток од време. Главните производи на Фантазија се готовите смеси за благи и солени колачи, палачинки и вафли, на чии рецептури се работело околу две години.  Во рамки на оваа линија имаме нешто што е новитет и наша иновација, на која особено сум горд – никаде во светот нема вакви миксови за солени мафини. Првпат „Макпрогрес" ја претставува Фантазија со три солени производи – солен мафин со семиња, со вкус на пица и солени крекери со овес и овесни снегулки, изјави Цветанов.

Со овие чекори „Макпрогрес" ја зацврстува својата позиција на пазарот и ги зголемува своите извозни капацитети, кои и досега успеваа да ги задоволат барањата за извоз во над 55 држави во светот. Како што велат од компанијата, нивна цел е до 2020 година двојно да го зголемат својот производствен капацитет во однос на 2014 година.



Назад
 
 
 
 
back to top