IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Франција: „Лореал“ силен во четвртото тримесечје

12.02.2018
Во последниот квартал приходот порасна за 5,5%, што е повеќе од очекуваниот пораст од 4,9%, колку што предвидоа аналитичарите.
Од компанијата истакнаа дека глобалниот пораст на луксузните производи, пред сè, на брендот Lancôme, го надомести послабиот пораст во дивизијата козметички производи за широка потрошувачка, кои претставуваат речиси половина од вкупната продажба.

Потрошувачите кои претходно купуваа шампони Garnier и ноќни кремови L'Oréal Paris во дрогериите, сега вниманието им го привлекуваат други познати брендови. Од друга страна, L'Oréal Luxe остварува „спектакуларен пораст, особено во Азија", изјави директорот на компанијата Жан-Пол Агон.

Проджбата во луксузната дивизија порасна за 9,8% во четвртото, празнично тримесечје, а зад него следува потрошувачкиот сегмент со пораст од 3% и професионалната линија за салони со пораст од 2%.

Годишниот оперативен профит порасна за 3%, на 4,7 милијарди евра, а компанијата извести и за рекордна вредност на оперативната маргина за 18%.



Назад
 

 
 
 
back to top