IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 21.09.2018 || Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |  Расте извозот на српските кекси и вафли   |  „Витаминка“ кечапот во нова подобрена амбалажа   |  Еко -акција на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и Холандска амбасада   |  „Крофните од Хром“ станаа трговска марка   |  Хрватска ќе избира „најдобар производ на годината“ за 2019-та  |   ||
   

Велика Британија: „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад

09.08.2018

Одлуката на „Лидл" – Велика Британија да продава овошје и зеленчук со траги на гнилеж, кои уште можат да се јадат, е дел од проектот „Too Good To Wast" (Премногу добро за да се фрли).

Пакувањата од по 5 килограми овошје и зеленчук ќе се продаваат по цена од 1,5 фунти. Според наводите на „Ритеил газет", трговецот ја почнал кампањата со обид да тестира и да пронајде начин како го намали прехранбениот отпад за 25% до 2020 година.

Кутиите, како што ги нарекуваат, со „несовршено" овошје и зеленчук, најпрвин ќе бидат достапни во 122 објекти низ целата земја, а потоа и низ целата продажна мрежа. Трговецот проценува дека со оваа мерка би можело отпадот да се намали за 10.000 тони годишно.

Пропорционално, во целиот синџир најмногу се продаваат овошјето и зеленчукот, но истовремено, тие свежи производи сочинуваат и најголем дел од отпадот, објаснуваат од „Лидл".

Слична мерка почнаа да применуваат и „Асда" и „Морисонс", кои нудат слични пакети по цена од 3,5 фунти по пакување.


Назад
 

 
 
 
back to top