IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 14.08.2018 || Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |  Директорката на „Пепсико“ се повлекува од функцијата  |  Ново кисело млеко на „Бимилк“  |  Македонија на 28. место во светот по извоз на вино  |  Компанијата „13. јул-Плантаже“ ги зголеми приходите  |  „Хајнекен“ купува дел од најголемиот кинески производител на пиво  |  Руски „Светофор“ влегува во Романија  |  Промена во Управниот одбор на „Жито лукс“  |  Супер-колачите на „Виталиа“ со Брајова азбука  |  Групацијата „Реве“ бара нови партнери  |   ||
   

Франција: „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња

16.01.2018

Француската компанија „Лакталис" повлече 12 милиони пакувања млеко во прав за бебиња во 83 земји, поради присуство на салмонела во тој производ, соопштија челниците на компанијата.

Емануел Бесние, директор на млечниот гигант, во своето прво обраќање кон француските медиуми од почетокот на скандалот, изјави дека дистрибутерите не мора повеќе да го сортираат млекото во прав за да ги најдат заразените кутии, наведувајќи дека сите кутии мора да бидат тргнати од полица.

Бесние, кој на 12 јануари зборувал со францускиот министер за економија Бруно Ле Маир, ветил дека ги ги обесштети сите семејства што биле погодени од скандалот. Според него, најголемата грижа на менаџментот на компанијата биле евентуалните последици по здравјето, што би можеле да ги имаат бебињата помлади од 6 месеци.

Стотина семејства го тужат „Лакталис", тврдејќи дека нивните деца се затруле по консумирањето на млекото во прав. Француските власти соопштија дека на почетокот од декември минатата година, 35 бебиња имале здравствени проблеми, што се поврзува со производите на „Лакталис", во кои била пронајдена салмонела.

Групацијата „Лакталис" на почетокот од декември 2017 година, повлече неколку милиони производи за бебиња, а на 14 јануари соопшти дека одлуката за повлекување „од претпазливост" се однесува на сите производи од фабриката во Краон, Западна Франција, кои се произведени од февруари минатата година. Групацијата во соопштението им се извинува на купувачите, наведувајќи дека истражителите утврдиле дека проблемот настанал по реновирањето на фабриката на почетокот од минатата година.

Француската влада во декември минатата година ја објави листата земји, меѓу кои беа и Кина, Пакистан, Бангладеш, Саудиска Арабија, Мароко, Судан, Перу и Колумбија, но не и САД, кои се голем пазар за млечната компанија.

Во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство во декември 2017 година соопшти дека од македонскиот пазар бил повлечен производот млечна храна за доенчиња со трговско име Picot SL и производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex – 12, Celia Expert 2, со сериски броеви 17С0013095, 17С0012806 и 170012838, увезени преку фирмата „Промедика" од Скопје.


Назад
 
 
 
 
back to top