IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

Франција/САД: „Лакталис“ го презеде „Сигис“

09.01.2018

Француската компанија „Лакталис" ја презеде компанијата „Сигис", американски производител на скајр (исландска верзија на јогурт).

Вредноста на аквизицијата со компанијата, чиишто јогурти siggi's имаат 25% помалку шеќер во однос на просечните јогурти на американскиот пазар, сè уште не е објавена. Како што соопштува францускиот млечен гигант, преземањето на „Сигис" е продолжување на проширувањето во сегментот јогурти на американскиот пазар.

Производите на „Сигис" се достапни во „Хол фудс", „Публикс", „Таргет", „Вегманс" и во „Старбакс". По селидбата од Исланд во Њујорк, основачот на компанијата Сиги Хилмарсон почувствувал дека американскиот јогурт е премногу сладок и вештачки за неговиот вкус. Врз основа на рецепт од неговата мајка, тој почнал да го произедува јогуртот скајр, а од 2005 година, почнала продажбата во Соединетите Држави.


Назад
 

 
 
 
back to top