IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

Македонија: „Кодинг“ ја полни новата Green Cola за Јадранскиот Регион

28.12.2017

Безалкохолниот пијалак Green Cola со засладувач од стевија, од месецов почна да се произведува во земјава, од каде ќе се извезува на другите пазари од Јадранскиот Регион.

Брендот Green Cola на компанијата „Грин кола интернационал", за првпат се појавил на грчкиот пазар во 2014 година, а на крајот од оваа година, веќе е достапен во повеќе од 30 земји во светот, со производствени локации во речиси 10 земји, меѓу кои, и во Македонија.

Целокупното производствено и продажно-маркетиншко присуството на брендот Green Cola на пазарите во Јадранскиот Регион, се одвива преку компанијата „Грин кола Адриатик". По половина година интензивни подготовки и пронаоѓање стратешки партнер за локално производство на производот за целиот Јадрански Регион, во декември производот беше презентиран пред потрошувачите во Македонија, а процесот на целосна дистрибуција во земјата ќе се комплетира во првиот квартал од 2018 година, изјави за InStore Игор Илиевски, директор на „Грин кола Адриатик".

Тој истакна дека Green Cola по лиценца се произведува во земјава, која ќе биде примарна локација од каде што ќе се снабдуваат сите други пазари на некогашна Југославија, а со порастот на потрошувачката, соодветно ќе се додаваат и други производствени локации во земјите од регионот: За еден производен погон или фабрика да се квалификува и да добие овластување за производство на Green Cola, мора да исполнува строги производни и организациски критериуми, како и високи стандарди за квалитет, а токму тие барања во целост се исполнети кај една од водечките македонски компании во сегментот безалкохолни пијалаци и бренд лидер во негазирана вода – „Кодинг Горска".

Од почетокот на 2018 година, ќе почне пласманот на Green Cola и на другите регионални пазари, процес, кој, како што наведува Илиевски, целосно ќе се комплетира до крајот на 2018 година, кога брендот ќе биде присутен на сите пазари.

Засега, Green Cola се произведува во ПЕТ-пакувања од 0,5 и од 1,5 литри, а наскоро ќе биде достапен и во лименка. Инаку, портфолиото на компанијата опфаќа и други безалкохолни пијалци со овошни вкусови, со истите клучни атрибути – без додаден шеќер, со засладувач стевиа и со природни состојки.

Илиевски додава дека во текот на наредната година, маркетинг-активностите ќе бидат фокусирани на презентирање на бенефитите на производот и негова дегустација, а пазарното присуство ќе биде зајакнато и со различни трговски промоции, како и со настани што промовираат здрав живот, здрава храна и активен животен стил.


Назад
 

 
 
 
back to top