IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Молдавија: „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија

16.01.2018

Групацијата „Шварц" соопшти дека донела одлука да влезе на пазарот во Молдавија, со супермаркети од банерот Kaufland.

Според пишувањето на порталот „Молд-стрит", групацијата планира да инвестира 100 милиони евра во 15 трговски објекти, од кои шест во главниот град, Кишињев. Компанијата бара деловен простор со површини поголеми од 2.000 квадратни метри во градовите со население поголемо од 30.000 жители и потенцијал за опфат до 60.000 купувачи.

Инвестицијата се очекува да креира 1.000 нови работни места. Според најавите, влегувањето на „Кауфланд" во Молдавија ќе биде раководено од тимот на „Кауфланд" во соседна Романија.

„Кауфланд" е дел од германската групација „Шварц", во чија сопственост е и светски распространетиот синџир дисконти „Лидл". Мрежата на „Кауфланд" опфаќа повеќе од 1.235 трговски објекти во Германија, Чешката република, Словачка, Полска, Романија, Бугарија и во Хрватска, а за годинава се најаува влегување на компанијата на пазарот во Австралија.


Назад
 

 
 
 
back to top