IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 18.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Македонија: Кластер и регистер на производителите на органска храна

09.01.2018
Од февруари 2018 година во функција треба да биде ставен регистарот на оператори со органски производи. Точно ќе се знае кој производител има сертификат, каде се наоѓа, што нуди…

Со регистерот практично, ќе се елиминираат евентуалните манипулации и дилемите кај потрошувачите дали некој производ е навистина органски или не.

Во исто време, покрената е и иницијатива за формирање на првиот кластер за органско земјоделство од три земјоделски здруженија, една земјоделска задруга и неколку компании. По новогодишните празници се очекува да профункционира и првиот отворен пазар за органски производи што ќе работи во рамки на некој од скопските трговски центри секој петок, од 10 до 18 часот.
Од 2018 година на македонскиот пазар ќе има и поголемо количество органско сертифицирано семе.

Како што беше соопштено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Здружението на агроновинари „Медиа плус" и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, интересот за македонската органска храна на европскиот пазар се зголемува. Особено побарувачка има од Швајцарија и Словенија.

Се зголемува и бројот на домашните површини под органско земјоделство, како и бројот на производителите. Лани се регистрирани 3.240 хектари сертифицирани површини за разлика од 2014 година кога имало 2.360 хектари, а бројот на производители бил 533, покажуваат податоците од Министерството за земјоделство.

Најголемо учество во органското растително производство или 33 отсто имаат житните култури, со 26 проценти се застапени фуражните, 15 отсто се овошки, еден до три отсто отпаѓаат на лозје и градинарство, додека на маслодајни култури два процента.

Во сточарското производство водечка гранка е овчарството со 84 отсто или близу 47.000 овци кои се одгледуваат за органско производство и уште 32.577 кои се во преод кон органско. Козарството и говедарството учествуваат со по четири отсто, а пчеларството со осум проценти.

ЕУ е заинтерсирана за соработка со Македонија во однос на органските производи. Два оператора дури работат и по швајцарските стандарди „БиоСвис", што се построги од европските. Почнавме со производство на два типа органски грав, црвен и шарен, за трговски синџир во Швајцарија, а извезуваме органски пипер лен и вргањ, објасни Габриела Мицевска од ИМЕ.

За поддршка на органското земјодлество годинава се проектирани еден милион евра, а производителите можеа да поднесуваат барања за субвенции до 25 декември 2017.



Назад
 
 
 
 
back to top