IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 21.09.2018 || Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |  Расте извозот на српските кекси и вафли   |  „Витаминка“ кечапот во нова подобрена амбалажа   |  Еко -акција на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и Холандска амбасада   |  „Крофните од Хром“ станаа трговска марка   |  Хрватска ќе избира „најдобар производ на годината“ за 2019-та  |   ||
   

Германија: „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава

20.08.2018

Во вториот квартал годинава, компанијата „Хенкел" забележа силен органски пораст на продажбата, подобра маржа и поголема заработка.

И покрај значителните негативни влијанија од девизните движења и повисоките цени на материјалите, „Хенкел" оствари силен органски пораст и добар развој во вториот квартал годинава. Ја издигнавме кварталната продажба на највисоко ниво досега, а дополнително ја подобривме и маржата ЕБИТ, со остварена најголема квартална коригирана заработка во историјата, истакна Ханс ван Бајлен, генерален директор на компанијата, кој додаде: Секторот атхезиви и технологии оствари силен органски пораст, секторот детергенти и средства за чистење забележа добар пораст, а и секторот производи за нега и убавина работеше во плус.

Со 5,1 милијарда евра, продажбата во вториот квартаал од 2018 година достигнала ново рекордно ниво со остварен номинален пораст од 0,9% во споредба со компаративниот квартал од претходната година. Органската продажба, која не го вклучува влијанието на девизните движења и на аквизициите/дезинвестициите, имала силен пораст од 3,5%. Придонесот на аквизициите и на дезинвестициите изнесувал 3,5%, што донесува вкупен пораст од 7%.

Девизните движења имале негативно влијание на продажбата од 6,1%. Коригираниот оперативен профит (ЕБИТ) забележал пораст за 1,8%, од 909 милиони евра во истиот квартал претходната година на ново рекордно ниво од 926 милиони евра. Коригираниот приход од продажба (ЕБИТ) се зголемил за 0,2% на 18%. Од 6,3%, обртниот нето-капитал како процент од продажбата бил над нивото од вториот квартал во 2017 година за 5,2%.

Бизнис-сектори

Во вториот квартал годинава, секторот атхезиви и технологии остварил силен органски пораст на продажбата од 5,2%. Органскиот пораст на секторот производи за нега и убавина изнесувал 0,4%, додека на секторот детергенти и средства за чистење – 2,9%.

Силни деловни резултати во првата половина од 2018 година

Во првата половина годинава, продажбата на „Хенкел" достигнала 9,98 милијарди евра. Органскиот пораст на продажбата, кој не го опфаќа влијанието на промената на курсот на странските девизи и на аквизициите/дезинвестициите, изнесувал 2,3%. Влијанието на промената на курсот на странските девизи придонел за пад на продажбата од 7,4%. Коригираниот оперативен профит забележал пораст од 0,3%, од 1,763 милијарди евра на 1,768 милијарди евра. Коригираниот принос од продажбата се зголемил од 17,4 на 17,7%. Коригираниот принос по приоритетни акции забележал пораст за 1,7%, од 2,96 евра на 3,01 евра.

Промена на прогнозите за 2018 година

„Хенкел" ја ажурира прогнозата за фискалната 2018 година. Компанијата ги потврдила очекувањата за органскиот пораст на продажбата од 2 до 4% на ниво на целата групација. Очекувањата за органскиот пораст сега изнесуваат од 4 до 5% за бизнис-секторот атхезиви и технологии од претходните 2 до 4%. За секторот детергенти и средства за чистење, „Хенкел" и понатаму очекува пораст од 2 до 4%, додека за производите за нега и убавина продолжуваат очекувањата за позитивен органски пораст од 0 до 2%.


Назад
 

 
 
 
back to top