IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

САД: „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“

17.01.2018

„Нестле" се согласи да го продаде американскиот кондиторски сегмент на италијанската групација „Фереро" за 2,8 милијарди долари, соопшти компанијата вчера.

Договорот за преземање на чоколадната дивизија на „Нестле" во САД, која, меѓу другите, ги произведува и брендовите Butterfinger, Baby Ruth и Crunch, се очекува да биде затворена до крајот на првиот квартал годинава.

Одлуката за дезинвестирање компанијата „Нестле" ја донесе по изработката на стратешкиот преглед на работењето на компанијата. Продажбата на бизнис-сегментот за слатка програма на компанијата што го измисли млечното чоколадо, е првото големо оддалечување од кондиторската индустрија, а како главен мотив се наведува вредносниот пад на американскиот пазар на чоколада во последните неколку години.

Во „Фереро" откривме ексклузивен дом за нашиот кондиторски бизнис во САД, во кој тој ќе може да просперира. Истовремено, овој потег ни овозможува да инвестираме и да иновираме во низа категории, во кои гледаме силен пораст во иднина – производи за грижа за домашни миленичиња, вода, кафе, смрзнати оброци и храна на доенчиња, изјави Марк Шнајдер, извршен директор на „Нестле".

Со оваа аквизиција, италијанскиот кондитор ќе стане третиот по големина производител на американскиот пазар, по „Хершис" и „Марс". Во октомври минатата година, „Фереро" ја презеде  „Ферара кенди компани", која ги произведува брендовите бонбони Trolli и Lemonheads.

Меѓу потенцијалните купувачи на американскиот кондиторски бизнис на „Нестле" беше и компанијата „Хершис".


Назад
 

 
 
 
back to top