IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Франција: „Др. Еткер“ достави понуда до „Униевер“ за Alsa

13.02.2018

„Унилевер" соопшти дека од компанијата „Др. Еткер" добил тендерска понуда за преземање на брендот Alsa, кој ги опфаќа категориите производи за приготвување печива, торти и колачи.

Понудената вредност за трансакцијата, со која ќе биде опфатен производствениот погон во Франција, не е позната за јавноста.

Бук Руве, генерален директор на француската филијала на „Унилевер", објасни дека во контекст на глобалната стратегија и создавање одржлива вредност, категоријата производи за приготвување печива, торти и колачи, не е дел од основното портфолио на „Унилевер".

Дидие Милер, генералниот директор на „Др. Еткер", изјави дека брендот Alsa со квалитетот и со етаблираноста, совршено ќе го дополни портфолиото на компанијата.

Доколку договорот биде постигнат, ќе биде потребно и одобрување од надлежните регулаторни тела.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top