IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Македонија: Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион

25.04.2018

Црвеното вино Domaine Lepovo Grand Cuvée 2015 на македонската бутик-винарницата „Домен Лепово" по третпат е прогласено за најдобро вино на меѓународниот вински натпревар „Вино Љубљана" што се одржува во престолнината на Словенија.

На годинашното, 60. издание на натпреварот, Domaine Lepovo Grand Cuvée освои златен медал и признанијата „Светски шампион" и „Национален шампион" во категорјата суви црвени вина, информираат од винарницата. Титулата „Светски шампион", која ја освои и минатата година, годинава му е доделена во конкуренција од 425 вина од 15 земји.

Три златни медали на натрпеварот освоија и црвените вина Barovo (2015), Alexandria Cuvée (2016) и Т’га за југ (2016) на компанијата-мајка, винарската визба „Тиквеш" од Кавадарци.

„Вино Љубљана" важи за еден од најпрестижните светски вински натпревари. Се одржува од 1955 година и спаѓа меѓу десетте водечки светски вински натпревари.


Назад
 
 
 
 
back to top