IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 11.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Доделени првите грантови за домашни компании

17.07.2018
Фондот за иновации и технолошки развој ги додели првите грантови на 79 микро, мали и средни компании, меѓу нив компании-добитници од FMCG-секторот се: „Кодинг-Горска", „Лион", „Нелкоски органик фуд", „Јаболчело", „Омега рисрч" и „Виталиа".
На јавниот повик што го распиша Фондот за иновации и технолошки развој, на 79 микро, мали и средни претпријатија им беа доделени грантови со вкупна вредност од 10,5 милиони евра.

На свеченото доделување на грантовите свое излагање имаа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски. 

Компании од FMCG-секторот добитници на грантови се: „Виталиа" за проектот „Сурова храна - Иднината на здравата исхрана", „Кодинг-Горска" доби грант за воведување нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола, „Лион" за здравствен производ „FIT ME!", „Нелкоски органик фуд" за производство на путер од органски лешници, „Јаболчело" за нов производен процес за иновативна палета на производи - смути и „Омега рисрч"доби грант за проект за исклучителна иновација во областа на жива и органска козметика за нега на кожа, базирана на иновативна биотехнологија.

Во своето обраќање премиерот Заев најави и втор инвестициски бран за кој Владата презема обврска да обезбеди средства за поддршка на компании кои аплицираа со своите квалитетни проекти.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, пред доделувањето на грантовите на компаниите чии проекти беа одобрени од комитет за одобрување инвестиции при ФИТР, рече дека, инструментот наречен „подобрување на иновативноста" е отворен за сите видови трговски друштва.

Особено сме горди што со овој прв инвестициски бран ќе се отворат нови 245 работни места каде просечната плата ќе изнесува околу 800 евра, а со денешните договори кај компаниите ќе се отворат нови 85 работни позиции, истакна тој.





Назад
 
 
 
 
back to top