IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

САД: Diet Coke со 4 нови вкусови и со поинаков изглед

12.01.2018

Компанијата „Кока-кола" во средата најави четири нови вкусови и голема трансформација на лименките Diet Coke.

Откако се покажало дека Diet Coke е одличен погодок на пазарот, компанијата решила да излезе со нови вкусови во потесни и издолжени лименки, а за понудата да биде поавтентична, секое од пакувањата ќе има различна боја, во зависност од вкусот на пијалакот.

Така, новата Diet Coke Ginger Lime (со вкус на ѓумбир и на зелен лимон) ќе биде во зелена боја, на Diet Coke Feisty Cherry (со вкус на сува цреша) ќе доминира виолетовата боја, Diet Coke Zesty Blood Orange (со вкус на портокал) ќе биде со портокалова боја, Diet Coke Twisted Mango (со вкус на манго) со жолта боја, додека стандардната Diet Coke, останува со препознатливата, црвена боја. Изгледот на буквите и понатаму ќе остане ист.

Diet Coke е еден од најпознатите брендови-икони, кој го обожават милиони Американци. Сепак, за да го доближиме брендот до новите генерации, решивме да бидеме храбри, оригинални и да размислуваме поинаку, вели Рафаел Асеведо, одговорен за Diet Coke во „Кока-кола" – САД.

Новите вкусови и новиот дизајн на Diet Coke, ќе се појават на средината од месецов и ќе бидат наменети само за пазарот во САД.



Назад
 

 
 
 
back to top