IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Цвеќиња и садници за СОС Детско село за 8 Март

07.03.2018

Жените од колективот на „Пивара Скопје" и децата од СОС Детско село по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март одржаа заеднича волонтерска акција, под мотото „Садиме љубов", со која во кругот на комплексот засадија цвеќиња и декоративни растенија.

Во заедничката акција, жени вработени во „Пивара Скопје" на различни работни позиции заедно со децата згрижени во детското село дружејќи се дадоа придонес за уредување и разубавување на амбиентот во кругот на комплексот.

Среќни сме што и оваа година го прославуваме овој убав ден заедно со волонтерките од Пивара Скопје, со што овие дружења стануваат традиција. Оваа година заеднички разубавивме дел од нашиот простор и повторно предизвикавме насмевки и радост кај децата, изјави на настанот Јулијана Гапо, национален директор на СОС Детско село - Македонија.

За волонтерската акција како донација од „Пивара Скопје" беа обезбедени потребните материјали – расад за цвеќиња, саксии, хумусна земја и садници декоративни растенија.


Назад
 
 
 
 
back to top