IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Македонија: „Чеза комерц“ во строгиот центар на Скопје

01.10.2018

На улицата Никола Вапцаров, бр. 9-1/1 на плоштадот Македонија во август беше отворена продавницата „Чеза комерц".

Во новата продавница, која располага со продажен простор од 15 м2 и магацин од 4 м2, потрошувачите се услужуваат на една наплатна каса, а за услугата се грижат двајца вработени.

Претходно имавме сопствена продавница што работеше три години на улицата Рузвелтова, а откако најдовме подобра локација, се преселивме. Целиот концепт е осмислен за да им олесниме на купувачите, со едно влегување во продавница да можат да купат сè што им е потребно од мешункасти производи, зачини, апетисани и сушени овошја, изјавија за InStore од „Чеза комерц", при што истакнуваат: Цените во оваа продавница се промотивни, односно пониски од цените на нашите производи на другите продажни места.

Во асортиманот на продавницата е застапено портфолиото на брендовите Nutini (апетисани, сушено овошје, пуканки, пченка и други грицки) и Kibela (какао, кокосово брашно, зачини, шеќер и мешункасти плодови), а освен тоа се продаваат и рефус производи.

Планираме да продолжиме со отворање на ваков тип продавници, но најпрвин би сакале купувачите да се запознаат со овој локал. Идејата е да отвориме уште неколку вакви продавници на други локации, на пример, во скопските населби Капиштец, Аеродром и Тафталиџе, откриваат од компанијата.


Назад
 
 
 
 
back to top