IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 14.08.2018 || Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |  Директорката на „Пепсико“ се повлекува од функцијата  |  Ново кисело млеко на „Бимилк“  |  Македонија на 28. место во светот по извоз на вино  |  Компанијата „13. јул-Плантаже“ ги зголеми приходите  |  „Хајнекен“ купува дел од најголемиот кинески производител на пиво  |  Руски „Светофор“ влегува во Романија  |  Промена во Управниот одбор на „Жито лукс“  |  Супер-колачите на „Виталиа“ со Брајова азбука  |  Групацијата „Реве“ бара нови партнери  |   ||
   

Македонија: Четврта конференција за семејни бизниси

06.06.2018

На 19 јуни ќе се оддржи четвртата конференција за семејни бизниси, под наслов „Најголемиот предизвик на семејниот бизнис".

Од бизнис-тренинг центарот „Клир вју" (Clear View BTC), организатор на настанот, велат дека според статистиката, 70% од семејните компании, кои се темел на глобалната економија, пропаѓаат при преносот на сопствеништвото на вторaта генерација.

Носиме интернационални експерти кои ќе им помогнат на македонските бизнисмени и наследници да добијат одговор на голем дел од прашањата што ги измачуваат, ќе пренесат регионални практики и ќе споредат како тоа се прави во регионот, а како кај нас. Се надеваме дека отворањето на оваа тема, која е од поголем општествен интерест, ќе ги поттикне и другите релеватни фактори на општеството да обрнат поголемо внимание на ова горливо прашање на македонската економија, изјавија организаторите.

Годинава, главните теми и дел од говорниците на конференцијата се:

  • Принципот е тој, разликата е во нијансите – што може да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис-трасфер поминуваат стотици години, Мирела Алпеза (Хрватска);
  • Вака или онака, ќе Ве наследат, нека биде под Ваши услови! – како го пренесов водењето на институтот „Адижес" на синот, Ичак Адижес (институт „Адижес", Санта Барбара);
  • Големи беа чевлите на тато… морав брзо да пораснам – моето искуство во преземањето на компанијата од татко ми, основачот, Аднан Мисимовиќ (БиХ);
  • Пренос на наследство на втората генерација во посттранзициски земји – 10 години искуство со семејни бизниси, Борис Вукиќ („Адижес" ЈИЕ);
  • Како да се поттикнат основачите да почнат со бизнис-трансфер, панел дискусија.

Назад
 

 
 
 
back to top