IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 15.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“

08.10.2018
Во Битола викендов беше поставена 14-тата „Coca-Cola Активна зона" од големиот проект на „Пивара Скопје" и „Coca-Cola" кој се реализира веќе трета година по ред.
  
Лоцирана во централното градско подрачје, во таканаречениот Парк на шампиони, „Coca-Cola Активната зона" е место во кое граѓаните од сите генерации ќе можат да се рекреираат и дружат.

Среќни сме што во прекрасната Битола, продолжуваме со реализација на добро познатиот проект ‘Coca-Cola Активни зони’. Со оваа, 14-та Активна зона по ред, битолчани им се придружуваат на илјадниците граѓани ширум Македонија кои ќе ги ползуваат придобивките од ова место и ќе се дружат со своите сограѓани со кои делат исти навики и имаат исти интереси. Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, продолжуваат со реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на граѓаните, како постулат за создавање и одржување на силно општество, сега, но и за во иднината", изјави Марија Мининчиќ, менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје. 

На настанот по повод отворањето на 14-тата по ред „Coca-Cola Активна зона", која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, присуствуваа бројни претставници од битолските спортски друштва, жители од сите генерации, како и претставници од општината. 

Нашето партнерство со „Пивара Скопје" бележи долгогодишна традиција, па овие проекти доаѓаат како логичен редослед преку кој заеднички покажуваме како на дело изгледа добрата соработка. Како една од најуспешните општини во Македонија на спортски план, навистина сме благодарни што „Пивара Скопје" и компанијата Coca-Cola го препознаа нашиот успех и токму нашата општина е дел од петте општини кои годинава добиваат Активни зони. изјави Наташа Петровска, градоначалничка на Битола. 

Проектот „Coca-Cola Активни зони" кој започна во 2016 година е дел од глобалната платформа на „Пивара Скопје" и на „Coca-Cola". Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а наскоро ќе биде поставена уште една Coca-Cola Активна зона, со која ќе се заокружи третиот циклус на проектот за 2018 година. Како дел од оваа платформа, изминативе години „Пивара Скопје" заедно со компанијата „Coca-Cola" реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп" и бесплатните паркиралишта за велосипеди. 



Назад
 
 
 
 
back to top