IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Швајцарија: „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“

17.01.2018

Швајцарската прехранбена компанија „Бел фуд груп", еден од најголемите европски производители на месни преработки, најави преземање на мнозинскиот дел од акциите на производителот на полуготови јадења „Хугли".

Со тој потег, како што истакнуваат од групацијата, „Бел фуд" ќе го прошири присуството на пазарот на полуготови јадења. Малцинскиот остаток од акциите, ќе биде понуден на јавен тендер.

Вредноста на аквизицијата се проценува на 600 милиони швајцарски франци (речиси 507 милиони евра).

„Хугли", која произведува супи, сосови и замени за месо, располага со 10 производствени погони во Швајцарија, Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Чешка и во Велика Британија.

Од „Бел фуд" истакнуваат дека ќе го дополнат производственото портфолио на компанијата, односно ќе нема поклопување на асортиманот, па во таа насока, не очекуваат никакави забелешки од Европската комисија за заштита на конкуренцијата.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top