„Баренц", меѓународен лидер во произвдство и дистрибуција на висококвалитетни состојки за фармацевтска, прехранбена и месна индустрија, од Холандија, ја купи компанијата „Соферебо" од Сомбор.

Оваа аквизиција ќе го зајакне портфолиото на функционални протеини во „Баренц" и ќе го зголеми пазарниот удел на Балканот.
„Софоребо" е основан во 1993 година и многу брзо стана лидер во дистрибуција на функционални протеини на Балканот. „Баренц" во целост ја презеде компанијата, објавено е на сајтот на холандската компанија.
Герт Ингалберт, потпретседател на компанијата „Баренц фуд & нутришн", објасни дека пазарниот удел и производите на „Софоребо", особено улогата на дистрибутерот „Есентиа", обезбедија синергиски ефекти за работењето на „Баренц" на Балканот.
Тој нагласи дека веќе постои долготрајно партнерство со „Есентиа" во другите земји и дека ова спојување го прави „Баренц" посилен во делот на животинските протеини.
Групацијата „Баренц" во својот состав има десетина брендови, а се гордеат и со стратешките партнерства со најзначајните светски доставувачи.