IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 14.08.2018 || Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |  Директорката на „Пепсико“ се повлекува од функцијата  |  Ново кисело млеко на „Бимилк“  |  Македонија на 28. место во светот по извоз на вино  |  Компанијата „13. јул-Плантаже“ ги зголеми приходите  |  „Хајнекен“ купува дел од најголемиот кинески производител на пиво  |  Руски „Светофор“ влегува во Романија  |  Промена во Управниот одбор на „Жито лукс“  |  Супер-колачите на „Виталиа“ со Брајова азбука  |  Групацијата „Реве“ бара нови партнери  |   ||
   

Хрватска: „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“

16.01.2018
Од почетокот на февруари „Атлантик група" станува службен дистрибутер на портфолиото на компанијата „Марс" на хрватскиот пазар, а од новиот договор во 2018 година очекува повеќе од 13,5 милиони евра дополнителни приходи.
 
Новиот договор е вреден повеќе од 13,5 милиони евра, колку што се очекува од дополнителниот промет преку дистрибуцијата на трите нови категории од производите на „Марс" - чоколадна програма, прехранбени и производи за домашни миленици. Новиот производствен асортиман ги вклучува брендовите: Twix, Mars, Bounty, Snickers, M&M’s, Pedigree, Whiskas, Kit-Kat и Uncle Ben’s, стои во соопштението.
 
Од компанијата потсетуваат дека уште од 1991 година е дистрибутер на асортиманот на „Вригли", кој од 2008 година е дел од компанијата „Марс".
 
Од новото партнерство се очекува зголемување на пазарниот удел на производите на „Марс" и пораст на поединечните категории. Директорот за пазарите Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина во компанијата „Марс", Дарја Шуштершич, истакнува дека имаат одлични искуства и значајни очекувања од партнерството со „Атлантик група" во поглед на дистрибуцијата на производите во Хрватска.
 
Преку дистрибуцијата на асортиманот на „Вригли" се потврди дека „Атлантик група" е партнер од кој може да се очекува продолжување на одличната соработка, која дополнително ја прошируваме со новиот договор. Со тоа очекуваме и подобар вкупен резултат според сите релевантни пазарни параметри, нагласува Шуштершич.
 
Главниот директор на стратешко-дистрибутивното подрачје во „Атлантик група", Славен Ромац, смета дека новиот договор за дистрибуција ја потврдува сериозноста на плановите и на најавите на компанијата за ширење и јакнење на дистрибутивното работење.

Назад
 
 
 
 
back to top