IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Северна Америка: „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште

23.01.2018

Американската технолошка компанија „Амазон" ги објави 20-те градови, кои се потенцијални финалисти за новото седиште.

Меѓу 20-те градови и региони, кои се во конкуренција за изградба на втора централа на е-гигантот, вклучен е еден град во Канада (Торонто), големите американски градови, меѓу кои Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон, како и помали населени места: Атланта, Остин, Бостон, Чикаго, Далас, Денвер, Индијанаполис, Мајами, Монтгомери (Мериленд), Нешвил, Њуарк, Северна Вирџинија, Филаделфија и Питсбург.

Избраните финалисти се редукција од вкупно 238 локации што аплицирале. Тоа е првата фаза во битката за илјадниците работни места и секундарните инвестиции и приходи, вредни милијарди евра, кои ќе ги донесе второто седиште на „Амазон". Според наводите на технолошката компанија, новата централа во следните 10 до 15 години ќе отвори до 50.000 работни места, а се проценува дека изградбата ќе чини околу 5 милијарди долари.

Дел од градовите што се кандидати за избор, веќе јавно ветија милијарди долари даночни отстапки за технолошкиот гигант, доколку бидат избрани. „Амазон" објави дека очекува да донесе одлука во текот на годинава.


Назад
 

 
 
 
back to top