IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 24.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

БИХ: „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“

23.01.2018
На Општинскиот суд во Велика Кладуша одржана е судска продажба на последната третина на „Агрокомерц", а купувач е „АЦ фуд" - Велика Кладуша, членка на „АЦ групација".

Станува збор за фабрика за производство на бисквити и други кондиторски производи. „АЦ фуд" се обврзува во рок од 30 дена да ги уплати средствата, по што станува официјален сопственик. 

На продажбата организирана од Општинскиот суд во Велика Кладуша, „АЦ фуд" ја даде најповолната понуда за фабриката „Агрокомерц" - 1,2 милиони евра, изјавија од компанијата „АЦ фуд".

Инаку, имотот на „Агрокомерц" кој се продаваше во неколку фази, се протега на површина од 270.000 м² и поделен е на три целини. Првата целина, всушност, e фабриката за сточна храна, производство на кафе и продажба на овошје и зеленчук, која на 28 март 2017 година, ја презеде „АЦ фуд", за околу 1,6 милиони евра. Во јуни компанијата го презеде брендот на „Агрокомерц" - Tops. Втората целина претставува месна индустрија, ладилници и магацини кои ги презеде „АЦ фуд" за 2,2 милиони евра, на 30 септември 2017 година. Третата целина е фабриката за производство на бисквити и други кондиторски производи.

Од „АЦ фуд" и претходно истакнаа дека погоните на „Агрокомерц" во Велика Кладуша се на одлична географска локација, така што пазарот на ЕУ им е како на дланка.



Назад
 

 
 
 
back to top