IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 20.08.2018 || „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |   ||
   

Македонија: 35 македонски претприемачи учествуваат на „Лидер“

08.05.2018

Вчера почна 11. издание на десетдневниот проект „Лидер", преку кој инструктори од канадската школа за бизнис „Ричард Ајви" ќе ги пренесат своите практични знаења и совети за водење успешен бизнис на  35 македонски претприемачи.

Од година во година, интересот на македонските претприемачи што сакаат да се стекнат со нови знаења и да ги имплементираат во своите бизниси е сè поголем. Со повеќе од 350 алумни и со постојано проширување на соработката со други организации од регионот, проектот „Лидер" е една од највлијателните обуки за бизнис-вештини земјава, изјавиБилјана Марковиќ-Стаменова, извршна директорка на организаторот на проектот – „Македонија 2025".

Според Волфганг Марингер, претседавач на „Лидер" и генерален директор на „Арцелор Митал" – Скопје, проектот им ја посочува на претприемачите бизнис-реалноста со сите потенцијални пречки и начините за нивно надминување, ги оспособува да дискутираат за прашања што инаку би ги сметале за помалку важни, без ваков вид на обука: Сепак, најважно е тоа што ги охрабрува да ја преземат судбината во свои раце, што е предуслов за градење на одржлива економија во Македонија, истакна тој.

Годинава на проектот ќе учествуваат 35 македонски претприемачи од најразлични сектори.


Назад
 
 
 
 
back to top