IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 24.04.2018 || „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |   ||
   

Македонија: План за економски раст - помош за компаниите

28.12.2017
Во Планот за економски раст има мерки што ќе придонесат кон нови вработувања со повисоки плати, ангажирање на младиот образовен кадар, зголемување на конкурентноста, стимулирање извоз, а мерки ќе има и за привлекување странски инвеститори. 

Од март наредната година секоја фирма може да избере пакет со мерки кои најмногу ѝ одговараат, a за оваа намена во Буџетот за наредната година се издвоени 50,4 милиони евра, или 46 проценти повеќе од годинава.

Мерките се опфатени во Планот за економски раст, кој на увид на јавноста беше 3 месеци, а компаниите од март ќе можат да ги користат мерките. 

Според премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев го промовираа Планот, мерките се насочени кон создавање здрава економија базирана на развој како на домашните, така и на странските фирми.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев нагласи дека со новите мерки се поддржуваат нови работни места, но не какви било, туку оние со повисоки плати. Така, при исплата на нето-плата која е за 50 проценти поголема од минималната нето-плата, државната помош ќе биде 20 проценти. Оваа помош ќе важи за ново вработување на оние што сега го завршиле школувањето, на некој што три месеци активно бара работа, кој останал без работа поради стечај или кој е вработен во јавната администрација за да направи трансфер во приватна фирма.

Поддршка ќе има и во нови инвестиции, така што компаниите ќе може да побараат 10 проценти од вложените средства во опрема, објекти или земјиште, но до максимум 1 милион евра во периодот од 5 години.

За да се задржат младите, пари има и за компании што ќе оформат креативни развојни центри, за што се одвоени 1 милион евра за 5 години.

Ако фирмите остварат пораст од 5 проценти во последните три години, можно е да добијат 10 проценти од инвестициските трошоци за зголемување на конкурентноста на нови пазари, а ако тоа се прави на пазари од Балканот, следуваат уште 20 проценти.

Што се однесува до странските инвеститори со сегашните мерки практично би добиле повеќе пари, но поголема корист би имала и националната економија.



Назад
 

 
 
 
back to top