Регион

„Атлантик група“ и „ПхармаС“ потпишаа купопродажба на „Диетфарм“

31 окт 2019

„Атлантик група“ и „ПхармаС“ потпишаа договор за купопродажба на компанијата „Фидифарм“, во чија сопственост е водечкиот хрватски бренд за додатоци во исхраната, „Диетфарм“.

„ПхармаС“ покрај целото портфолио и вработените на „Фидифарм“, ќе го преземе и „Мултивита“, регионалниот бренд на додатоци во исхраната во сопственост на „Атлантик група“. Во 2018 година, „Фидифарм“ ствари приход од продажба во висина од 9,4 милиони евра, додека „Мултивита“ во истиот период оствари приходи од околу четири милиони евра.

Заклучувањето на трансакцијата се очекува кон крајот на годинава.

Во „ПхармаС“ најдовме партнер кој ги препознава и вредноста на брендот „Диетфарм“ и луѓето кои стојат зад него, како и просторот за дополнителен развој на работењето, што нè прави исклучително задоволни со оваа трансакција. Продолжуваме со фокусирање на развојот на своите главни категории, со потрошувачот во центарот на сите деловни активности, соопштија од „Атлантик група“. 

„Атлантик група“ од почетокот на минатата година имплементираше стратегија на фокус на своите главни категории и брендови, за да ја задржи и подобри нивната релевантност кај потрошувачите. Во тој контекст се насочува и кон понатамошниот развој на интернационализација на работењето, со фокус на брендовите кои докажаа меѓународен потенцијал. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...