Регион

„Имлек“ и „Тетра пак“ ја претставија новата Тетра топ амбалажа

17 окт 2019

„Имлек“ и „Тетра пак“ ја претставија новата Тетра топ амбалажа. Во неа во иднина ќе бидат пакувани брендовите на „Имлек“, како што се Moja Kravica, Balans+ и Jogood јогуртот. 

Од „Имлек“ соопштија дека новата амбалажа ги следи трендовите на пазарот на стока за широка потрошувачка, а истовремено обезбедува свежина, го чува квалитетот на производот и го намалува негативното влијание врз животната средина што го предизвикува амбалажниот отпад.

Со следење на потребите на нашите потрошувачи, и како резултат на блиската соработка со компанијата „Тетра пак“, се наметна идејата производите да ги пласираме во поквалитетно пакување, кое ги задоволува највисоките стандарди за зачувување на квалитетот на намирниците. Иако оваа година за нас беше навистина предизвикувачка, сигурен сум дека и во следниот период ќе ги оправдаме лидерската позиција пазарот и долгогодишната доверба од нашите потрошувачи, изјави Јован Бугарчиќ, директор на маркетинг во „Имлек“. 

Тетра топ-амбалажата е направена од исклучиво природни материјали од обновливи извори, целосно се рециклира и е погодна за транспорт и складирање. Големите компании на развиените пазари главно користат ваков тип амбалажа. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...