Регион

ЦРНА ГОРА: Казна до 10.000 евра за продавниците што ќе работат во недела

09 окт 2019

Во Црна Гора в понеделник на 14 октомври ќе стапи на сила законот според кој недела е неработен ден за сите продавници, освен за оние (прецизно набројани) кои поради природата на својата дејност мора да се отворени. 

Црногорската Управа за трудова инспекција соопшти дека првата неработна недела за вработените во продавниците ќе биде 20 октомври.

Oттаму додаваат дека за тој што ќе отвори ќе биде казнет од 1.000 до 10.000 евра. Исто така е наведено дека е можно и трајно затворање на објектот. 

Големите маркети, но и малите, како што е пропишано во новиот закон, не може да работат во недела, како и на државни и други празници. Исклучок ќе има само за аптеките, специјализираните продавници или киосците за продажба на леб, пекарски производи и колачи, како и за продавниците за цвеќе, сувенири, весници, за погребни услуги, бензински станици и продавниците во рамките на бензинските. Предвидено е во недела да работат пазарите со тезги, подвижните продавници, како и објекти сместени во затворените простори на автобуските и железничките станици, аеродроми и пристаништа.