Регион

Арапите ќе јадат босански пралини

05 сеп 2019

„Мак Зара“, производителот на премиум пралини и чоколада од Босна и Херцеговина го реализираше првиот пласман надвор од државата.

Пралините со суви сливи ќе се најдат на полиците во маркетите и во онлајн-продажба на пазарот на Обединети Арапски Емирати(ОАЕ). Освен на овој пазар, се очекува наскоро пласман и на пазарите во ЕУ.

Како што стои во соопштението, пласманот во ОАЕ се реализира во соработка со дистрибутерот „Балкан трејдинг“.

Откако последните 20 месеци колку што работиме во рамките на „АС холдинг“, успешно ја спроведовме консолидацијата на работењето и враќање на брендот на домашниот пазар, ги проширивме производствените капацитети и ја зголемивме продуктивноста. На тој начин ги исполнивме условите за настап на странските пазари, особено најсторогите кои важат за влез во ОАЕ, изјави Армин Хоџиќ, директор на компанијата „Мак Зара“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...