Регион

Награди за млеко и млечни производи на „Агра“

05 сеп 2019

Во рамките на 57. Меѓународен саем за земјоделство и храна „Агра“ во Горна Радгона, кој се одржа од 24 до 29 август, претходно беше одржано и меѓународно оценување на млеко и млечни производи.

Вкупно 31 компанија, од кои 21 од Словенија, 8 од Хрватска и по една од Австрија и од Босна и Херцеговина, дадоа вкупно 171 производ за оцена.

Комисијата на чело со унив. дипл. инж. Станка Подкрајшек од Институтот за млекарство, Биотехнички факултет во Љубљана, ги избра најдобрите доделувајќи награди: шампиони, големи златни, златни, сребрени и бронзени медали.

За шампиони беа избрани шест производи, и тоа четири се на „Љубљанске млекарне“, еден производ на „Помурске млекарне“ и еден на „Кернтнермилх“ .