Регион

„Меркатор“ продава 13 шопинг центри

09 авг 2019

Компанијата „Меркатор” почна со продажба на 13 трговски центри, од кои еден во Словенија и 12 се во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.

Со тоа продолжува примената на стратегијата за намалување на долговите на „Меркатор Група“.

„Меркатор“ лани продаде 10 шопинг центри во Словенија на австрискиот инвеститор „Супернова”, а сега ги продава шопинг центарот во Копар, четири недвижности во Хрватска, шест во Босна и Херцеговина и две во Србија.

Сите недвижности се продаваат по принципот на закуп, што значи дека „Меркатор” останува закупец на недвижностите кои во моментов ги поседува.