Регион

Грчки инвеститор отвора кондиторска фабрика во Србија

07 авг 2019

Во општина Трговиште, на југот на Србија, во тек се завршните работи за монтажа на опремата во фабриката за кондиторски производи „Топ бисквит“, која се очекува да биде отворена на 15 септември. 

Фабриката ќе почне да работи во една смена со 50 работници, со намера нивниот број да се удвои. Ќе ја отвори инвеститор од Грција, кој има таква фабрика и во градот Перник во Бугарија. Фабриката дневно ќе произведува по околу два тони слатки производи,  според италијански и грчки рецепти.  

Во процесот на производство ќе се користат 90 отсто домашни ресурси: млеко, масло, шеќер, брашно и јајца. Останатите 10 отсто компоненти се разни видови преливи кои ќе се увезуваат од Италија. 

Вкупната инвестиција во фабриката е околу два милиони евра.