Регион

Турски бизнисмен купи четири трговски центри на „Туш“

05 јул 2019

Турскиот државјанин Угур Јилдрим купу четири трговски центри на словенечкиот синџир „Туш“. 

Станува збор за „Планет Туш“ во Марибор и за супермаркетите во Рогашка Слатина, во Лашко и во Словенске Конице. 

Според првичните податоци, вредноста на трансакцијата е околу 14 милиони евра. 

Јилдрим е сопственик на компанијата „Хеликс Проп“, која пак, е еден од партнерите во фондот „Елементс Капитал Партнерс“ кој се занимава со откуп на побарувања.