Регион

Наградени најдобрите трговци во Хрватска

26 јун 2019

„Подравка“, „Дукат“ и „Жито група“ ја добија годишната награда „Златна кошница“ за најдобри остварувања во малопродажбата и индустријата на стоки за широка потрошувачка за 2018 година. Втора година по ред, главната награда за најдобар трговец ја доби „Шпар“-Хрватска. 

Наградите беа доделени на гала-вечер во Загреб.

„Подравка“ беше наградена во две категории: за најдобар производител и за производ на годината за брендот Lino Lada Gold. „Дукат“ и „Жито“ ја добија наградата за општествено одговорна компанија.   

Во натпреварот за сите категории влегоа вкупно 45 компании, што е рекорден број на пријави досега. Организаторот соопшти дека особено се вреднувани придонесот кон развој на пазарот, квалитет на инвестиции, отворање нови продажни ибјекти и работни места, вложување во производни погони, спроведени аквизиции и вкупно залагање за унапредување на секторот и создавање дополнителни вредности за пазарот и за потрошувачите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...