Регион

Златен медал за квалитет за водата „Јана“

17 јун 2019

„Јана“, природна минерална негазирана вода, освои златен медал за квалитет на интернационалниот натпревар  „Монде Селекш“. 

Станува збор за престижен натпревар за квалитет на меѓународно ниво, со традиција која датира од 1961 година. „Јана“ е прва минерална вода од Хрватска што ја освои оваа награда. 

Овој златен медал е уште една светска потврда за квалитет на „Јана“, и тоа во конкуренција од дури 516 производи во категоријата „Пиво, вода и негзирани пијалоци“, соопштија од компанијата. 

Во натпреварот кој има седум категории, тестирани беа 2.948 производи од 90 земји. Производите ги оценуваа 70 експерти - готвачи со мишелин ѕвезди, енолози, професори и нутриционисти. За висок квалитет на нивните производи беа наградени 973 компании, меѓу кои и „Јамница Плус“ ДОО за водата „Јана“.  

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...