Регион

„Загребачка пивара“ и годинава најдобар работодавец

13 јун 2019

Компанијата е трета година по ред избрана за најдобар работодавец.

Листата на најдобри хрватски работодавци, која ја објавува „Селектио“ е резултат на оценувањата на компаниите од страна на хрватските експерти во управување со човечки ресурси.

Исклучително ни е драго што и годинава го добивме ова вредно признание, а особено нè радува што веќе трета година по ред сме прогласени за најдоби. Тоа е уште една потврда дека ние во „Загребачка пивара“ функционираме добро, а ќе се трудиме и во иднина. Сите показатели на задоволство на нашите вработени растеа и годинава, така што со гордост може да се каже дека се трудиме да овозможиме работни места поради кои луѓето остануваат во Хрватска. Нашата платформа за човечки ресурси се вика „Закон работа“ и признанието е уште една потврда дека над тоа што го правиме стојат закон луѓе, изјави Јадранка Сакоман, директор за човечки ресурси во „Загребачка пивара“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...