Регион

„Ожуљско“ почна кампања за помош на заштитените животни во Хрватска

11 јун 2019

„Ожуљско пиво“ почна кампања за помош на со закон заштитените животни. 

По 0,50 куни од секоја продадена лименка ќе се донираат за проекти за заштита на рисот, волкот, делфинот и белоглавиот орел. Акцијата ја поддржаа и хрватските фудбалски репрезентативци Домагој Вида, Андреј Крамариќ и Доминик Ливаковиќ. 

Речиси 30 отсто од територијата на Хрватска е дел од еколошката мрежа Натура 2000, што ја става земјата на високо второ место во Европа по големината на еко-мрежата. Таа е и една од ретките европски земји во која на едно место живеат сите овие четири животни. 

Парите собрани преку кампањата „Заштитени со закон“, „Загребачка пивоварна“ ќе го донира на здруженијата кои спроведуваат програми за заштита, надзор и грижа за рисот, волкот, делфинот и белоглавиот орел во Хрватска. 

Ожуљско се занимава со активни прашања, а овојпат желба ни беше да ја кренеме свеста на пошироката јавност за животните заштитени со закон и со заеднички сили да придонесеме за нивниот опстанок. Дизајниравме посебна серија лименки, а покренавме и интернет страница на која потрошувачите ќе можат да добијат повеќе информации за кампањата. Си поставивме амбициозна цел, а тоа е да собереме повеќе од 600.000 куни кои ќе бидат уплатени на здруженијата за проекти кои се најважни за нашите заштитени животни, изјави Иван Шувар, директор на маркетинг во „Загребачка пивоварна“.