Регион

Златен клуч за „Подравка“

06 јун 2019

Здружението на хрватски извозници на „Подравка“ ѝ додели златен клуч за најдобар извозник во Босна и Херцеговина, на 14.конвенција на хрватски извозници што се одржа вчера под покровителство на тамошната влада. 

Златен клуч доби и компанијата „Белупо“, за најголем извозник на пазарот на Руската Федерација во 2018 година. 

Наградата, во име на двете компании, ја прими Хрвоје Колариќ, член на управата на „Подравка“ и претседател на управата на „Белупо“. Тој истакна на пазарот во Босна и Херцеговина, „Подравка“ продава 730 единечни производи од својот асортиман. Од нив, најпродавана е „Кокошкина супа“ од 62 грама. Во текот на 2018 година, продадени се повеќе од 12 илјади тони производи со вкупен извоз од 260,3 милиони куни, што го прави пазарот во БиХ еден од најголемите и најважни извозни пазари на „Подравка“. 

„Белупо“, пак, минатата година на пазарот во Руската Федерација оствари раст на приходите од 16 отсто во споредба со годината претходно. 

И натаму очекуваме раст на извозот во Руската Федерација, а податоците од првиот квартал од 2019 година ги потврдуваат нашите очекувања, рече Колариќ. 

Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска, им се заблагодари на компаниите за нивниот придонес кон растатот на хрватската економија.

Сите вие придонесовте Хрватска минатата година да оствари извоз од 14,5 милијарди евра. Од 2016 година, го подигнавме БДП за 9,6 отсто, а растот на БДП во првиот квартал од 2019 година е најдобар во Европа, рече Пленковиќ.