Регион

„Подравка“ ги награди вработените за исклучителни деловни резултати

28 мај 2019

„Подравка“ ги награди своите вработени со по 1000 куни (околу 135 евра) нето, за исклучителните деловни резултати што ги постигнува компанијата. 

Минатата 2018 година е една од најдобрите години во долгогодишното постоење на „Подравка“, во која со исклучителни постигнувања во сите деловни сегменти и со трудот на нашите вработени, остваривме добри деловни резултати. Тој тренд продолжи и оваа година. Важно ни е што по подолго време, на нашите вработени им овозможивме подобри работни и материјални услови и ги наградивме за нивната лојалност кон компанијата. Задоволен и мотивиран работник е клуч на растот и развојот на една компанија и затоа ќе продолжиме да ги подобруваме нивниот статус и нивните материјални права, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“. 

Покрај оваа награда, „Подравка“ за по околу 1.000 куни ги зголеми платите на најниско платените работници, а за сите вработени ги зголеми основиците на платите и фиксните додатоци, како и јубилејните награди и бонусите за Велигден.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...